Компаниите за домување бараат еднаков пристап во работењето
Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија бара да се формира посебна инспекција за домување на државно ниво и да се заострат мерките за одземање на лиценците.
Со ваквите барања, Групацијата се надева дека ќе се надминат проблемите со кои се соочуваат при работењето во изминатите шест години откако функционира Законот за домување.
Претставници на Групацијата денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија посочија дека функционираат лиценцираните управители кои на станарите место фактури им издаваат уплатници за неколку месеци однапред што е спротивно на Законот за домување, а има и случаи кога не се дефинирани ставките во резервниот фонд или кога парите од овој фонд наместо за инвестициски активности, се користат за тековно одржување.
Според Групацијата, проблеми настануваат и при преземањето на зградите од еден на друг управител поради што се случува згради да останат со огромни долгови, а парите од резервниот фонд да се потрошени.
- Во пракса имаме згради кои и по една година од преземањето од друг управител, немаме добиено ниту денар од резервниот фонд на зградата, ниту било каква документација. Единствено со тужба можеме да ги заштитиме граѓаните. Имаме згради кои со години не се одржувани, а имаат зголемен резервен фонд, но парите се заробени кај претходниот управител, истакна Зоран Димитриевски од Групацијата за домување.
Групацијата бара и да се регулира постоењето на подружниците во градовите бидејќи, како што истакнаа, има случаи во кои подружниците функционираат без соодветни канцеларии и граѓаните се ставени во позиција да немаат каде да се обратат.
Барањата се доставени до Регулаторната комисија за домување и до Министерството за транспорт и врски.
Согласно последниот извештај од Регулаторната комисија за домување на територијата на Република Македонија функционираат 36 компании за управување. На 11 компании им е одземена лиценцата за работа.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден