Комората ќе бара одговорност за хаосот со личните документи
Одговорност од сите чинители што не ја известија јавноста дека возачките дозволи од денеска нема да важат ниту за внатрешна употреба, ќе бара Стопанската комора. Денеска со писмо до премиерот, МВР и Парламентот ќе поднесат барање под итно да се реши проблемот со вадење лични документи за извозните компании. Кога државата не може, се нудат и сами да помогнат. Бесплатно ќе ги испечатат налепниците за возилата и ќе финансираат дел од трошоците за воведување брзи ленти за вадење возачки дозволи.
- Зошто не е известена Комората? Ако е проблем да се испечатата налепниците, еве ние се нудиме, сми ќе ги испечатиме. Еве се нудиме и да покриеме дел од трошоците за воведување брза лента за вадење возачки дозволи, изјави Антони Пешев, Стоапснка комора.
Нервозата е голема кај компаниите што дистибуираат стока на локалниот пазар. Вчера имало 100 тина јавувања од транспортери. Фирмите се збунети. До вчера никој не ги известил дека нема да смеат да возат без нова возачка.
- Не знаат што да прават бидејќи може да бидат казнети оти немаат сообраќајни и возачки дозволи со НМК. Особено има проблоеми во локалната дистрибутивна мрежа, бидејќи камионите се плашат да не бидат запрени од сообраќајната полиција. Ние ќе се потрудиме барем овој сегмнет да го решиме позитивно и да побараме тие возачки документи да важат во земјава се до нивниот истек или промена. Што се однесува за меѓународната комуникација, тука не можеме ништо да смениме. Преспанскиот договор не е во наш домен – објасни Пешев.
Од комората се загрижени и што нема секаде налепници кои треба да се стават на возилата, но и што мора лично да се оди во станиците за технички преглед. Хаосот на сите документи за идентификација велат дека можат да предизвикаат целосна парализа на економијата.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар