Комерцијална банка: Применети интерните процедури и законските прописи за работењето со сефови
Комерцијална банка АД Скопје во врска со денешната информација за злоупотреба на содржина од сеф во филијала во Битола информира дека досегашните наоди на Внатрешната инспекција на Банката укажуваат на правилна примена на интерните процедури и законските прописи.
Од банката во соопштението наведуваат дека во првопријавениот случај од 5 октомври 2016, не се утврдени неправилности во сефовското работење и оти досегашните истражувања на второпријавениот случај, не упатуваат на насилно и неовластено отварање на сефот.
Двата наведени случаи, стои во соопштението, се пријавени во МВР/ОЈО, кои согласно законските надлежности ја водат истрагата, а Комерцијална банка во целост соработува со овие органи.
- Бидејќи сметаме дека се работи за непотврдени случаи на внатрешна злоупотреба, нагласуваме дека не постои техничка можност овластен вработен во Банката самостојно да отвори сеф. Сефовите имаат два клуча од кои едниот е во депото на НБРМ, а вториот кај корисникот на сефот. Согласно законските прописи Банката нема увид во содржината која корисниците ја чуваат во сефовите, наведуваат од Комерцијална банка.
Банката, како што додаваат, ја исклучува можноста од вмешаност во овие два наводни случаи на злоупотреба, а бидејќи не е исклучено евентуално повторување на вакви или слични пријавувања, Банката укажува дека секое лажно пријавување подразбира кривична одговорност.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат