Македонија
21. November 2023 - 16:59

Комеморација на актерот Мето Јовановски

„Нека му е вечна слава на Енчо. На мојот Енчо. АКТЕРИШТЕ ЕДНО. Вечна му слава“. 

На големата сцена на Драмскиот театар денеска се одржа Комеморација за актерот Мето Јовановски. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец почина на 16 ноември на 77-годишна возраст, 20 дена по последната одиграна претстава „Моето име е Горан Стефановски“.

На матичната сцена оствари 37 улоги, од кои повеќето се носечки, насловни, овенчани со награди и важни места во македонската театарска историја. На филмската камера за првпат застанува во 1971 година. 

Бројни театарски и филмски колеги и најблиски пријатели од Македонија и регионот, денеска за последен пат се простија со легендарниот Јовановски.

Пријателите открија дека актерот верувал на малкумина, ги сакал своите ќерки, а и својата брада, без неа не се чувствувал свој. 

Јовановски од присутните на комеморацијата беше поздравен со аплауз, каков што доликува на неговата актерска големина.