Комбе се заби во мотоцикл - две лица повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Тетово. Според информациите на МВР, вчера околу 18 часот било пријавено дека на крстосницата на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(62) од село Копачиндол, Тетовско и мотоцикл „Трува“ со тетовски регистарски ознаки, кој без дозвола го управувал Ф.Х.(19) од Тетово. Притоа, со повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот 15-годишен сопатник.
Со други возила тие биле пренесени во Тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош биле задржани за натамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година