Колони возила за излез преку Блаце
Преку граничниот премин Блаце, колони возила од Македонија се упатуваат кон Косово.
Откако двете држави одлучија границата да се минува без тест за корона, од ноќеска на полноќ енормно е зголемен бројот на патници преку овој граничен премин.
- Од ноќеска на полноќ, до денеска на пладне регистрирани се 4.600 минувања.
Над 60 проценти се за излез од Македонија, изјави Бесим Асани, Командир на граничниот премин.
Според првичните најави, без ПЦР тест од денеска требаше македонските државјани да влегуваат и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Доцна синоќа, македонската влада информираше дека поради зголемениот број заразени, останува забраната и единствено ќе може да се патува на Косово.
Државјаните од овие земји пак можат слободно да влегуваат во Македонија.
Како што појаснија од Владата, наскоро таквата одлука ќе се ревидира и ќе се забрани влез на државјани од Србија, Црна Гора и Босна без негативен ПЦР тест.
Според информации на сител од владини извори, таквата одлука ќе се носи на владина седница која ќе се одржи утре.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата
-
Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови
-
Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади