Колона од Капитол до Железничка - скопкси Аеродром блокиран
Стотици автобуси, автомобили, товарни возила беа заглавени во километарската колона што се формира во скопската населба Аеродром, а која се протегаше од трговскиот центар „Капитол мол“, па сè до Железничката станица, пишува Телеграф.
Застојот траеше речиси цел час, а причината за формирањето на километарската колона беше мала сообраќајка што се случи во близина на Народната банка на Македонија.
Граѓаните кои утрово се упатија кон центарот на градот мораа да чекаат во своите возила, додека да се ослободат сообраќајните ленти кај НБМ. Од Министерството за внатрешни работи за Телеграф.мк соопштија дека после 7.30 часот била пријавена сообраќајка меѓу камион МАН и автомобил „пежо“.
Двете возила биле со скопски регистарски ознаки, а била причинета само материјална штета.
Откако возилата беа отстранети од коловозот, сообраќајниот хаос набргу делумно се расчисти, па булеварите повторно се проодни за сообраќај, со повремени застои.
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот