Македонија
9. May 2017 - 16:25

Кој им го испи млекото на полицајците!?

Кој им го испи млекото на полицијците? Одговорот на ова прашање ќе треба да го бара основното јавно обвинителство. Независкиот синдикат на полицијата бара истрагата да покаже зошто веќе неколку години полицајците не добиваат млеко и кисело млеко.

Синдикатот се обратил до МВР, од таму им било одоворено дека на полицајците им следува млеко и дека од сега треба повторно да го добиваат.

Според упатството за исхрана во МВР, вработените во единицита за увид на местото на настанот и анализа, или македонското ЦСИ  треба да добиваат млеко и кисело млеко затоа што работат со опасни материи, меѓу кои и канцерогениот сребро нитрат. Млекото мора задолжително да го пијат затоа што друга заштита за организмот нема.

Според електорнскиот систем за јавни набавки, минатата година МВР од две фирми дабавило млеко и млечни производи во вредност од 12 милиони и 600 илјади денари или над 200 000 евра.

На доставените прашања, попладнево пристигна одговор од МВР:

“Млечните производи се набавени за потребите на ЕБР, Бифето при МВР и Центарот за обука Идризово согласно спецификација доставена од Сектор за работи од општа надлежност. Секторот за набавки од општа надлежност под чија надлежност се кујните каде се издава храната е надлежен за подготовка и издавање на храната а истата се издава согласно колективен договор и правилник за исхрана на припадниците на МВР (според кој  право на исхрана иматаат припадниците на ЕБР,ЕСЗ и летачкиот персонал)”.