Македонија
8. March 2021 - 16:52

Кој е конструктивен а кој деструктивен во парламентот?

Опозицијата да престане со блокадите во Собранието и да покаже конструктивност за законсктие решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните. 

Власт која не прифатила ниту еден наш амандман не може да не обвинува за неконструктивност, вратија од опозицијата. Нашите точки секогаш се последни на дневен ред и никогаш не стигнуваат за расправа, објаснува партискиот портпарол посочувајќи го примерот со барањето за собраниска седница за состојбите во лозарството кое го поднеле на 30 септември, а еве 5 месеци подоцна на средина од новата лозарска сезона се уште не е дојдено на расправа. 

Но ВМРО-ДПМНЕ и нивниот филибастеринг се само дел од проблемите на власта имајќи ја предвид најавата на Алијанса и Алтернатива дека ќе го блокираат секој закон во Собранието се додека не се прифати нивниот за државјанствата. Но и без тоа, тенкото мнозинство и турбуленциите во ДУИ се доволен проблем за власта. Собранието речиси и да нема донесено никаков закон оваа година. Седниците се закажуваат, но на нив, СДСМ и ДУИ ретко имаат мнозинство. Нов обид ќе направат утре, а во СДСМ се надеваат дека сите 62 нивни пратеници ќе дојдат на работа. Токму затоа, премиерот Заев минатата недела понуди широка коалиција но во овој предлог остана сам, откако против него се изјасни целата опозиција но и партиите во владејчката коалиција како ДУИ, БЕСА и малите политички партии.