Македонија
21. May 2019 - 16:25

Кои се директорите во здравството кои ќе ги опфати ,,доброволна метла‘‘?

Надворешен кадар најверојатно ќе менаџира со Клиниката за детски болести, откако сегашната директорка Катерина Ставриќ најави повлекување од функцијата, дознава Сител.

Нејзината оставка треба да биде потврдена на средбата со министерот за здравство деновиве, на која ќе разговараат за причините за одлуката. Неофицијално, повеќе лекари во оваа установа не сакале да седнат во директорското столче и затоа раководната позиција може да ја добие и стручно лице кое не е вработено на Детска.

Од ресорното министерство за Сител само потврдија дека сите опции се во игра.

-По оставката на Ставриќ, низ Клинички се зборува дека и други директори на клиники најавиле  повлекување од функциите за да не бидат разрешени, бидејќи изминатите две години колку што се на раководни позиции не покажале  резултати во работењето.

Неофицијално, оставки најавуваат менаџери кои помалку и се познати на јавноста и засега се шпекулира дека ќе се повлечат само директори поставени од СДСМ.

Инаку, последните промени на Клинички беа на Клиниката за Токсикологија и Институтот за ТБЦ каде во директорските фотелји седнаа кадри на БЕСА.