Живот
6. November 2016 - 12:59

Кога мајка и починала, ослабнала 200 кила: Ме товеше додека не се здебелив 300 кила!?

Деби Ризон ја обвинува мајка си за ненормалното дебелеење.

Деби Ризон од Велика Британија која имала околу 300 килограми, тврди дека за нејзината прекумерна тежина виновна е мајка и, која упорно ја терала да јаде за да не биде анорексична.

Кога стигнала до тежина од речиси 300 килограми, не можела сама ни до тоалет да оди, а нејзината мајка и натаму тврдела дека не треба да држи диета и да изгледа нормално!?

Во страв нејзината ќерка да не ослабе премногу, не и дозволила да оди на операција за да се спречи нејзиното натамошно дебелеење.

-Јадев дури и тогаш кога воопшто не бев гладна, само да не ја налутам мама, раскажува Деби.

Против оваа опсесија на мајката, која исто така била абнормално дебела, ништо не можел да направи ниту таткото ан Деби, кој ја проколнувал жената да не го тове детето и да и дозволи да оди на операција.

Кога мајката завршила во болница од здравствени проблеми, Деби со татко и отишла на лекари и тогаш конечно и е вграден меур кој на луѓето со прекумерна тежина им овозможува да ослабат. Од тогаш Деби загубила 200 килограми.

Нејзината мајка немала таква среќа и починала како последица од прекумерната тежина.