Коциќ: Иницијативата на Левица е уште еден показател - само Мицкоски и Апасиев се против ЕУ
Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ кажа дека се уште не ја виделе иницијативата на Левица.
„Прво треба иницијативата да ја видиме затоа што сеуште не е стасана до нас. Јас лично а претпоставувам и ниеден од колегите ја нема видено, тоа е првата работа“, кажа Коциќ.
Коциќ вели дека мнозинството во Собранието гласало за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ.
„Втората работа, онашто го знам е дека во ова Собрание мнозинството гласаше и ние како СДСМ, гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ. Како трето станува јасно дека се што прават Мицкоски и Апасаиев е да се препречи нашиот пат кон ЕУ, друга желба и интенција нема“, вели тој.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
