Македонија
21. October 2026 - 12:23
Се помалку се подготвува зимница
Се помалку се подготвува зимница, традицијата на правење ајвар, лутеница и редење туршија полека се менува поради модерниот начин на живот, недостигот на време и високите трошоци. Постарите генерации купуваат помалку, онолку колку што може да зготват, а младите сè почесто се потпираат на индустриски произведена зимница која е лесно достапна во маркетите.
Ако во минатото од пазар граѓаните се враќале со полни торби, денес наместо во килограми овошје се купува колку за мерак.
Пазарџиите пак се жалат дека од година во година им се намалува куповната моќ а сериозен проблем е и нелојалната конкуренција.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
