Коцијанчич: Жалиме што нема да се одржи лидерската средба во Виена

Жалиме што лидерскaта средба планирана за утре во Виена нема да се одржи, изјави за МИА Маја Коцијанчич портпаролка на еврокомесрот за прширување.
- Ние постојано повторуваме дека пропаѓањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко жалиме за какви било ретроградни чекори во Скопје што ќе ја одведат земјата подалеку од нејзините аспирации за пристапување во Европската унија, вели во изјавата Коцијанчич.
Таа нагласува дека Европската комисија останува на располагање да им помогне на партиите сега и во иднина, но додава дека одговорноста за обезбедување на демократскиот процес и постигнување напредок на евроатлантскиот пат останува на самите политички партии, а во интерес на граѓаните на нивната земја.
- Тие мора да испорачаат резултати, вели Коцијанчич и најави дека за кусо време ќе следи изјава со повеќе детали за ставот на ЕК во однос на откажувањето на лидерската средба.
Претходно, портпарол на Европската комисија во Виена изјави дека лидерската средба е откажана, бидејќи не биле исполнети условите за нејзино одржување.
Ново на Сител
-

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродрома опслужија речиси два милиона патници за половина година
-

Највозрасната жена која отишла во вселената, Воли Фанк почина на 87 години
-

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието
-

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци од понеделник до четврток во Скопје
-

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-

Израел ги предупредил САД за наводен ирански план за убиство на Трамп
-

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините
-

Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост
