Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител.
Од Јавното обвинителство информираат дека јавниот обвинител на Северна Македонија ги разгледал записникот и конечниот извештај од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и службените белешки во прилог, и врз основа на наодите за констатираните состојби одлучил до Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители да достави предлог за поведување дисциплинска постапка против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во четири предмети во кои се откажал од жалба или обвинение.
Предлог за поведување дисциплинска постапка е поднесен и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, како и поради констатираните неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје.
- Иницирањето на дисциплинската постапка е уште една потврда за посветеноста на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија да овозможи ефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела и да побара одговорност од јавните обвинители кои неоправдано ги одолговлекувале постапките или неоправдано се откажувале од кривично гонење, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Дополнителен чекор во оваа насока, како што посочуваат од Обвинителството, е и јакнењето на транспарентноста на Јавното обвинителство особено во постапките кои се однесуваат на кривични дела против корупцијата и се од особен јавен интерес. Со таа цел, нагласуваат дека Јавното обвинителство веќе закажало брифинг за новинари на кој ќе присуствуваат сите јавни обвинители кои имаат во работа предмети од интерес на јавноста.
-Јавниот обвинител на Република Северна Македонија продолжува, во соработка со сите чинители и со поддршка од меѓународните партнери, да работи на зајакнување на сите капацитети на Јавното обвинителство во борбата против корупцијата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, на прес-конференција пред Обвинителството, по одлуката за негова суспензија од функцијата на 11 септември, обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки.
Според Хајрулахи, надзорот над работата на Вишото јавно обвинителство, се случил откако тој на 19 септември бил повикан од Републичкиот јавен обвинител, кај него во канцеларија и му било кажано дека по однос на предметот со бонусите на СЈО треба да донесе одлука со која што ќе се потврди првостепеното решение од ОЈО ГОКК.
Ново на Сител
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023