Книжевна средба и трибина за македонската и бугарската литеартура
Во рамки на дводневната манифестација „Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“, денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе биде организирана книжевна средба со три современи бугарски авторки - Силвија Томова, Вања Аврамова и Поли Муканова.
Тие ќе читаат извадоци од своите дела, а осврт за бугарската книжевност ќе има поетот и книжевен критичар Бранко Цветкоски.
НУБ ќе организира и трибина на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“, на која е најавено учество на писатели, преведувачи, издавачи.
„Деновите на современа бугарска книжевност во Македонија“, кои НУБ ги организира заедно со Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија, беа отворени вчера кога директорите на двете библиотеки потпишаа нов договор за соработка.
Во холот на НУБ беше отворена и изложба на книги преведени од бугарски на македонски јазик во последните две и пол децении.
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети