Фудбал
4. May 2020 - 8:46
Клубовите од Серија А денеска се враќаат на терените
Откако пред два дена шпанските власти им дозволија на своите граѓани индивидуални физички активности на отворено, тоа го направија и Италијанците.
Како што пренесуваат италијанските медиуми министерот за внатрешни работи, Матео Пјанедоси, одобрил да започне со тренирање, но да се почитуваат мерки за социјално растојание.
„На спортистите и рекреативци на недивидуални дисциплини, како и секој граѓанин, им е дозволено да учествуваат во индивидуални спортови на јавни или приватни места, почитувајќи го меѓусебното безбедносно растојание од најмалку два метра“, пишуваат „Кориере дело Спорт“ и „Газета дело дело“ повикувајќи се на одлуката на Пјанедоси.
Слична одлука пред два дена донесе и Стефано Бонучи кој е претседател на регионот на Емилиа-Ромања, кој се согласил да даде дозвола професионалните спортисти да почнат со индивидуални тренинзи.
Денеска први на теренот се враќаат фудбалерите на Сасуоло, а се очекува тоа најдоцна утре да го сторат и играчите на Болоња, Парма, СПАЛ, додека тимотите од италијанската престолнина, Рома и Лацио најавија рестарт за во среда односно четврток.
Сепак останува прашањето дали и кога би се рестартирале натпреварите во Серија А?
Одговорот се очекува да го даде премиерот на Италија, Џузепе Конте и тоа веќе во среда после состанокот на Владата.
Доколку биде дадено зелено светло, сезоната во Серија А би продолжила во втората половина на јуни, а 12-те преостанати кола би се доиграле до август, како што впрочем беа и препораките на УЕФА.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
