Loading Video...
Кошарка
8. May 2018 - 14:09

Кливленд прв во конференциското финале

Тимот на Кливленд е првиот кој обезбеди пласман во конференциското финален од НБА плејофот. 
 
Вицепрвакот ноќеска го совлада Торонто со 128-93, со што ја доби полуфиналната серија со максимални 4-0 во победи. 
 
Леброн Џејмс беше лидер на „Кавси“ со 29 поени, 11 асистенции и 8 скока. 
 
Противник на Кливленд во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Бостон и Филаделфија во кој моменталниот резултат е 3-1 во победи за „Селтикси“, откако ноќеска Филаделфија забележа триумф со 103-92. 
 
Потсетување дека во полуфиналето во Западната конференција шампионот Голден Стејт има предност од 3-1 против Њу Орлеанс, а со истиот резултат и Хјустон води во дуелите со Јута. 
 
Ноќеска ќе се играат петтите натпревари.