Loading Video...
Кошарка
4. May 2018 - 9:31

Кливленд и Бостон поведоа со 2:0 во полуфиналето на Истокот

Кливленд и Бостон  поведоа со 2:0 против Торонто и Филаделфија во полуфиналните дуели од Источна конференција на НБА плејофот. 
 
Вицепрвакот Кливленд предводен од Леброн Џејмс и Кевин Лав по втор пат го совладаа Торонто на гостински терен, сега со 128-110. 
 
Двајцата средбата ја завршија со дабл-дабл учиноци. Џејмс покрај  43-те поени имаше 14 асистенции и 8 скокови, а Лов на  31 поени придодаде  11 скока.
 
Бостон  не дозволи „брејк“ пред своите симпатизери, па ноќеска ја победи Филаделфија со 108-103. Џејсон Тејтум со 21 и Розиер со 20 беа најефикасни кај победничката екипа, додека Шариќ со 14 кај поразената. 
 
Домаќините на овој меч погодија 15 тројки од 36 обиди.
 
Следните дуели во серијата подобар до четири, ќе се играат во Кливленд и Филаделфија.