Loading Video...
Кошарка
25. October 2019 - 14:33

„Клиперси“ пресилни за Голден Стејт, Антетокумпо „сам“ го доби Хјустон

Третиот натпреварувачки ден во новата сезона на НБА лигата донесе два интересни дуели. 
 
Вицешампионот Голден Стејт претрпе убедлив пораз во премиерниот меч. „Воините“ пред своите симпатизер загубија од ЛА Клиперс со убедливи 141-122. Без Кевин  Дурант кој го напушти тимот и без повредениот Клеј Томсон, едноставно Стеф Кари беше немоќен сам да му се спротивстави на засилениот состав на „Клиперси“. Кари средбата ја заврши со 23 поени, а едеинствена поддршка имаше од Данџело Расел кој пшостигна 20 поени. 
 
Затоа пак кај гостите од ЛА, дури седуммина кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а најмногу Лоу Вилијамс 22, додека Каваи Ленард постигна еден помалку, а Патрик Патерсон броеше до 20. 
 
Второто дерби на вечерта се одигра во Хјустон, каде Милвоки предводен од Јанис Антетокумпо забележа победа со 117-111. Најкорисниот кошаркат минатата сезона, Антетокумпо средбата ја заврши со трипл-дабл па покрај 30-те поени зад своето има впиша и 13 скокови и 11 асистенции. 
 
Кај  “Ракетите“ дури тројца играчи средбата ја завршија со дабл-даб, но тоа не беше доволно да се избегне поразот. Новајлијата Расел весбрук имаше учинок од 24 поени и 16 скокови, Џејмс Харден постигна 19 поени и придодаде 14 асистенции, а Клинт Капела покрај 13 поени имаше и 12 скокови. 
 
Во последниот меч Атланта предводена од Тре Јанг и неговиот улчинок со 38 поени, 9 асистенции и 7 скока славеше победа со 117-100 на гостувањето во Детроит.