-->
-->
Клинтон со голема предност пред Сандерс во Јужна Каролина
-->
Хилари Клинтон го победи својот политички ривал Барни Сандерс со околу 50 поени на вчерашните внатрешнопартиски избори на Демократската партија во сојузната држава Јужна Каролина за номинирање на кандидат на партијата на претседателските избори.
По преброените над 95 отсто од гласачките ливчиња Клинтон води пред Сандерс со разлика од 48 проценти.
Во 2008 година кога Клинтон се натпреваруваше со Барак Обама за номинација на демократите во истата држава Обама ја победи со 28 поени разлика. Сега таа доби масовна поддршка на Афроамериканците во Јужна Каролина и се фокусира на „супер вторникот“ следната недела, кога ќе се гласа во 11 држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2