Клиниките за кардиологија, очна и стоматологија добија нови директори
Министерството за здравство за МИА информира дека се именувани в.д. директори на универзитетските клиники за кардиологија, очни болести и на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје,
Во Универзитетска клиника за кардиологија за в.д медицински директор е назначен д-р Жан Зимбаков, на местото на д-р Беким Поцеста, кој е разрешен од оваа функција. Во Универзитетска клиника за очни болести за в.д медицински директор е именуван д-р Христиан Дума, на местото на д-р Беким Татеши.
За в.д медицински директор на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје, е назначена д-р Амела Цана, на местото на д-р Агим Караи.
Новите назначувања се после доставените оставки од директори од Алијансата за Албанците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар