Ќе се покрива градскиот зелен пазар во Куманово
ЈП „Пазаришта“ Куманово ќе аплицира за проект за одржливо искористување на природните ресурси од програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија со Јакоруда, со што ќе се овозможи покривање на градскиот зелен пазар во Куманово, одлучија денеска советниците на 47. седница на Советот на општината.
- Со овој проект закупците на тезгите ќе имаат подобри услови за продажба на производите. Пазарот ќе се огради и ќе има подобра енергетска ефикасност, изјави директорот на ЈП ИлирСаити.
Советниците ја донесоа и програмата за работа на претпријатието,која предвидува исти цени за закуп на тезгите и на зелениот и реонскиот пазар, со кој стопанисува „Пазаришта“.
На градскиот пазар моментно се издадени 600 од вкупно 620 тезги, кои според Саити ќе бидат издадени до крајот на месецот.
- Ова е резултат на минатогодишните добри акции во кои дивите пазари беа отстранети, изјави Саити.
Цената на закупнината останува иста како и претходните години од 2.300 до 3.000 денари на месечно ниво. Примарна цел во 2016 година ќе биде обезбедување подобри услови на пазарите, за корисниците на тезгите и продажните места, како и за купувачите. Претпријатието и годинава ќе даде предност на годишните резревации на тезгите,при што одобрува попуст од 10 проценти овозможено е плаќање на закупнината на 12 месечни рати, а ќе остане и можност за дневен закуп на тезгите.
На Реонскиот зелен пазар кој располага со 135 тезги, годинава според програмата планирано е покривање на настрешницата и поставување табли за рекламен простор. Добиточниот пазар,изјави Саити, ќе продолжи со доуредување на просторот.
- Со оформување на двата нови пазари пазар на големо и пазар на стари работи значително се подобри работењето на овој пазар во целина, рече Саити.
Донесена е и програмата за работа на ЈП „Водовод“.И оваа година приоритетно според директорот на претпријатието, Горан Стојковски, ќе остане решвањето на проблемите со канализационата и водоводната мрежа.
- Наскоро ќе започне обнова на 20 километри канализациона мрежа,замена на 10.000 водомери и оддржување и санација за фабриката за преработка на вода и пречистителна станица, изјави Стојковски.
Средствата за овие проекти се обезбедни дел од Европска Инвестициона Банка, дел од ИПА програмата преку Министертвото за животна средина и просторно планирање и дел од општина Куманово и сопствени средства на ЈП „Водовод„
Согласно програмата предвидено е санација на 1700 дефекти на годишно ниво на водоводна мрежа, околу 600 интервенции на канизациониот систем и замена на повеќе од километар дотраени цевки.
Ново на Сител
-
Продолжуваат земјотресите во близина на Санторини - се проценува дека грчкиот остров го напуштиле над 5.000 лица
-
Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
-
На Попова Шапка утрово -8, во Скопје -2, а во Гевгелија 5 степени
-
Сообраќајката во која загина Фросина сторена со умисла, во петок јавна расправа за законски измени за зголемена безбедност во сообраќајот
-
На Газа итно и се потребни 6,5 милијарди долари за привремено сместување на Палестинците
-
Протести пред седиштето на УСАИД во Вашингтон по заканите за затворање на агенцијата
-
Партизан потпиша со македонскиот репрезентативец Димоски
-
Астон Вила потпишa со трикратен шампион во Лигата на шампионите