Ќе се гради обиколница во Ресен
Во тек е тендер за изработка проект за обиколница во Ресен, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на општината.
По средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот информира дека двајцата соговорници заклучиле оти на градот му недостасува обиколница.
- Во средината на август ќе заврши тендерската постапка и веднаш ќе почнеме со изработка на проектот со средства од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Откако ќе го направиме проектот ќе ги видиме решенијата и динамиката на изградба на обиколницата со што ќе ги растеретиме улиците низ градот од товарни возила, изјави Сугарески.
Министерот и градоначалникот извршија увид на градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа, проект што се рализира преку Министерството за транспорт и врски во вредност од 36 милиони денари.
- Ова е втора фаза од проектот. Со овој зафат ќе се реконструира водоводот на четири улици во градот во должина од два километри или вкупно со двете фази ќе се изврши реконструкција на 5,5 километри водоводна мрежа. Со тоа жителите на Ресен ќе добијат квалитетна вода, ќе се реши долгогодишниот проблем со застарената мрежа и честите дефекти, нагласи Сугарески.
Министерот за транспорт и врски и градоначалникот на Ресен разговарале и за други инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка од централната власт, но и оние на општината, како и за претстојната туристичка сезона.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани
-
Бајден забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на атлантското и тихоокеанското крајбрежје на САД
-
Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници
-
Почувствуван земјотрес во Македонија
-
Тибет: Над 50 загинати и десетици повредени во силен земјотрес на Хималаите
-
Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп, четири години по упадот во Капитолот на 6 јануари