-->
-->
Ќе се гради мостот на река Брегалница кај Зрновци
-->
Ќе се гради мостот на реката Брегалница кој настрада во поплавите во февруари минатата година и кој општината Зрновци ја поврзува со Кочани и источна Македонија.
Како што информира градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков, мостот ќе се гради со средства од УНДП од програмата за користење средства за помош на поплавените подрачја кои настрадаа во минатата година.
- Ќе се гради сосема нов мост со пошироки димензии на местото на постојниот кој ќе се сруши. Тендерот е веќе распишан и се очекува по итна постапка за биде завршен. Според најавите мостот се очекува да започне да се гради во средината на мај годинава. Вкупната вредност на новиот мост се очекува да изнесува еден милион и 500 илјади евра, истакнува Станков.
Жителите на општина Зрновци иако забранет за сообраќај поради оштетувањата го користат мостот за да поминат пеш или пак со лесни возила. Сообраќајот за тешки моторни возила се одвива од преку Виница. Со изградбата на новиот мост се очекува да биде решен проблемот на жителите од Зрновци, Мородвис и Видовиште за поврзување со Кочани и останатиоте градови од овој дел на државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маж уценувал и барал пари од вработен во адвокатска канцеларија
-
Кривична за гостиварец кој го нападнал својот татко
-
ЕУ апелира на воздржување од провокативна реторика и активности по вчерашната пресуда за Додик
-
УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов
-
Мицкоски : Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме
-
Кочински: Се очекува постепено намалување на активноста на вирусот на грип
-
Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол
-
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари