Ќе се формира Анкетна за фабриката за лични карти, СДСМ не предложи членови
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за формирање Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи. Како што најави пратеничката група не доставила предлози за членови на оваа Комисија и не присуствуваа на денешната седница.
Претседателот на Комисијата Зоран Илиоски информираше дека предлози за членови на Комисијата доставиле ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, а член ќе биде и независната пратеничка Солза Грчева.
- Во моментот кога пратеничката група на СДСМ ќе достави до мене предлози за членови на Анкетната комисија итно ќе свикам седница и тие ќе бидат вградени во составот на Анкетната комисија, рече Илиоски.
За претседател на Анкетната е предложен координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, за потпретседател Љупчо Димовски, за членови од оваа партија Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Андон Чибишев, Благица Ласковска и Драган Данев, од ДУИ Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА Газменд Алиу и независната пратеничка Солза Грчева.
Врз основа на Одлуката, Анкетната комисија треба да содржи 16 членови, од кои четворица на предлог на опозицијата.
Илисоки реагираше во врска со барањето на пратеничката група на СДСМ за увид во документацијата на Силвана Бонева, член на ДИК, за што беше дискутирано на претходната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која тој не присуствуваше.
- Ако СДСМ уште денеска поднесе барање врз основа на Законот за пристап до документи во рок од 24 часа тие документи ќе ги добијат, или втора варијанта ако сакаат можат да се качат кај мене во канцеларија и да ги видат на лице место, рече претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден