Ќе се чува како резерва трансформаторот од РЕК Битола кој беше на поправка во Белград
Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година, соопшти АД ЕСМ.
Постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на Термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат во своето четириесетгодишно постоење, РЕК Битола да има резервен трансформатор кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија.
Трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола беше оштетен во пожар кој избувна заради зголемен напон кој дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна на стручни лица во РЕК Битола, МЕПСО и експерти од Електротехничките факултети во земјава, трансформаторот беше испратен и успешно поправен во фабриката Комел во Србија.
Во моментов, Блок 3 работи со новонабавениот трансформатор монтиран во јануари, наведуваат од АД ЕСМ.
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
