-->
-->
Ќе остане ли Игуаин во Наполи
-->

Челниците на Наполи подоготвувале нов договор за својот најдобар играч и стрелец, Гонзало Игуаин, пренесуваат италијанските медиуми.
Аргентинецот, ја игра најдобрата сезона во кариерата, тој е прв стрелец во Серија А со 29 голови постигнати на 30 натпревари. Во борба за „Златната копачка“, тој е пред Кристијано Роналдо.
Медиумите во Италија објавија дека Наполи на Игуаин му нуди нов договор, до 2020 година и годишна плата од 7,5 милиони евра. Актуелниот договор на Аргентинецот според кој тој заработува 5,5 милиони евра годишно, истекува во 2018 година.
Во новиот договор би била вметната и откупна клаузула од 100 милиони евра, во актуелниот договор таа клаузула изнесува 94,7 милиони евра.
Ла Република наведува дека Наполи и Игуаин се блиску до продолжување на соработката, бидејќи напаѓачот бил задволен од животот во Неапол.
Игуаин во Неапол пристигна пред три години од мадридски Реал, додека професионалната кариера ја започнал во Ривер Плејт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
