Македонија
10. March 2021 - 16:36

Ќе има ли избори без скенери за отпечаток од прст?

ДУИ се единствената пречка на патот до консензусот за потребните измени во изборниот законик со кои ќе се овозможи да се средат техничките недостатоци и на локалните избори во октомври да се гласа само со отпечаток од прст. За интегративците било спорно прашањето што ќе се случува со руралните средини и оддалечените места каде што нема да може да се воспотави квалитетна интернет конекција со базите и како таму ќе тече изборниот процес со отпечаток.

Токму овие места на последните неколку изборни циклуси исфрлаа чудни податоци па на некои од нив на секои 2 секунди гласаше по еден гласач.

Интегративците денеска избегнаа прецизен одговор.

Дека ДУИ ги има овие дилеми потврди и Министерот за правда.

Премиерот Заев денеска уверува дека владата ќе стори се за да се овозможи гласање со отпечаток.

Првиот човек на ДИК апелира брзо да се најде решение за да не се случи да мора изборите да бидат одложени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ја отфрла можноста доколку не се овозможи гласање со отпечаток да ги бојкотира локалните избори.

Проблемот со изборниот законик настанал кога случајно или не, со последните измени партиите пропуштиле во законот да прецизираат дека МВР треба заедно со личните податоци на граѓаните на ДИК да му ги даде и нивните отпечатоци поради што сега наводно нема правен основ полицијата да ги префрли податоци во серверите на државната изборна комисија.