Тенис
21. September 2017 - 12:21

Ќе го видиме ли најсилниот дубл во тениската историја!

Во историјата на тенисот имало многу интересни двојки на меѓународните натпревари но  како што стојат работите најсилниот досега во историјата на тенисот ќе го формираат Надал и Федерер големи ривали но и иголеми пријатели надвор од теренот. 

Во „О2 арената“ во Прага стартува тридневен турнир од утре, во формат во кој шест европски играчи ќе играат со тим на најдобри шест од остатокот на светот, а се во чест на Род Лејвер, 11-кратниот гренд слем шампион, кој е единствениот кој има комплетирано два календарски гренд слема.
 
Александер Зверев, Марин Чилиќ, Доминик Тим и Томаш Бердих се заедно со Надал и Федерер во тим чиј капитен е Швеѓанецот Бјорн Борг, додека Џон Мекинро е „селекторот“ на остатокот на светот и се реши за Сем Квереј, Џон изнер, Ник Кирјиос, Џек Сок, Денис Шаповалов и Френсис Тиафоу, кој во последен момент го смени Хуан Мартин дел Потро.
 
Во дуелот ќе има три сингл меча и еден меч во двојки секој ден, и сега сите очекуваат Федерер и Надал да бидат партнери и првпат да ги видиме од истата страна на мрежата.