Македонија
5. February 2020 - 13:17

Китев: И јас и СДСМ сме спремни да гласаме за распуштање на Собранието на 12 април

-И јас како пратеник, но и партијата која ме кандидрала СДСМ сме за тоа парламентот да се распушти на 12 февруари, вели пратеникот на владејчката СДСМ Бетиане Китев по најавите дека опозицијата ќе поднесе предлог за распуштање на собранието. Сепак, тој остава простор како што вели за незначително пролонгирање на распуштањето доколку има изгледи за гласање на Законот за обвинителство и Изборниот законик.
 
-  Би гласал за распуштање на Собранието на 12 феврруари, и мислам дека тоа така треба да биде бидејќи има политички договор од кај претседателот на државата. Партијата која ме кандидирала и ми дала шанса избори, а потоа мандатот го верифицирале и граѓаните нема различен став од мене. Досега нашиот став е дека ќе се распуштиме до 12 февраури, за да може да тече чист изборниот процес без проблеми. Дали во меѓувреме ќе се појави шанса за носење на двете законски решенија па тоа ќе доведе до некое незначително пролонгирање на распуштањето е сосема друго. Доколку е во интерес на сите да се донесе Изборен законик и Закон за обвинителство може да се се стигне и до 12 февраури - вели Китев.
 
Тој и Ивана Туфегиќ беа единствените пратеници од СДСМ и од Собранието кои денеска имаа средба со претставници на францускотот МНР задолжени за Балканот и земјава. Тема на разговорите била новата методологија за преговори со ЕУ која доаѓа на предлог на Франција, но и Законот за обивнителство. Иако француските дипломати побарале средба само со претставници од власта Китев вели дека тоа не го доживеал како  притисок врз СДСМ да попушти во однос на Законот за обвинителство. 
 
- Претставниците на француско МНР можат да ни кажат кое би било излезено решение  за Законот за обвинителство, но тие не можат да ја опреземат улогата на политичките партии. Одговорноста е кај сите, секогаш кај власта е поголема, но во овој случај кога опозицијата е кочницата треба да ја преземат одговорноста и до распуштање на Собранието да се најде заеднички јазик - вели Китев.
 
Катерина Нешкова