-->
-->
Кинеско чудо кое го забавува вртењето на Земјата: Хидроелектрана поради која потопени се 13 града и 1.600 села
-->
Хидроелектраната Три клисури во Кина со брана на реката Јанценгјанг е хидроелектрана со најголема инсталирана сила во светот. Три клисури е соединета мрежа во 2012 година, со што оваа хидроелектрана конечно е завршена.Со изградба се почнало 1994 година, а чини околу 50 милијарди долари.
Освен големиот хидроенергетски потенцијал, хидроелектраната Три клисури ги наламува честите поплави а ја зголемува можноста за превоз на стока.
Значаен е и еколошкиот придонес поради намалување на ефектите од стаклена бавча. Предност на проектот е наводнување на околните земјоделски површини.
Иако многумина во Кина сметаат дека хидроелектраната Три клисури е неопходна за развој на земјоделствот, многу стручњаци сметаат дека негативните ефекти на проектот можат да ги надминат неговите позитивни добра
Поради нејзината изградба потопени се 13 града, 140 гратчиња и 1.600 села, а иселени се околу 1,3 милиони луѓе.
Исто така, поради промена на текот на водата, односно создавање огоромен резервоар кој покрива 1.045 квадратни километри и дигање голема количина на вода на максимални 175 метри над нивото на морето, оваа брана спрема податоците на Американската агенција за истражување на космосот, буквално ја успорила ротацијата на Земјата и го продолжила просечниот ден за 0.06 микросекунди.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
