Кина ја укинува политиката на едно дете
Кинеските власти донесоа одлука да ја укинат политиката на едно дете, јави државната агенција Синхуа, преку соопштение на кинеската Комунистичка партија.
Политиката на едно дете е започната пред 36 години, со цел намалување на наталитетот и контрола на растот на населението, а брачните двојки во кинеските градови смееја да имаат само едно дете, а на село до две и тоа само ако првото е девојче.
Администрацијата во Пекинг донела историска одлука со која се укинува политиката која беше во сила од 1979 година, но таа станува практична политика на две деца, бидејќи на сите двојки во земјата сега им е дозволено да имаат два потомци.
Надвор од оваа политика останаа Тибет, Хонгконг и Макао.
Казната за кршење на таа уредба изнесуваше десеткратна вредност од просечниот приход на едно семејство, а сопружниците доаѓаа во опасност од губење на работата, лекување и образование.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ