Кина ги предупреди САД дека ќе ги заштити своите економски интереси
Кина денеска ги предупреди САД дека е „подготвена и способна да ги заштити своите национални интереси" при евентуална трговска војна, јави ДПА.
Кинескиот вицепремиер Лиу Хи разговарал по телефон со американскиот министер за финансии Стивен Мнучин утрово информираше кинеската новинска агенција Синхуа.
Лиу изјави дека специјалната седуммесечна истрага што Вашингтон ја спроведува против кинеските трговски практики ги крши правилата на светската трговија.
- Кина е подготвена и способна да ги брани своите национални интереси и се надева дека двете страни ќе останат разумни, рече кинескиот вицепремиер.
САД, претходно оваа недела, најавија планови да наметнат давачки на широк спектар за кинески производи поради наводните прекршувања на режимот на интелектуалната сопственост и антиконкурентски практики од кинеска страна.
Пекинг вчера одговори со листа на американски увозни стоки, вклучувајќи свинско месо, јаболка и челични цевки, во вредност од три милијарди долари, кои можат да бидат оданочени, како контра-мерка.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите