Loading Video...
Спорт плус
29. December 2021 - 18:42

Кик-боксерот Ермин Мамудовски и празнично се подготвува за нов шампионски трофеј

Иако поголемиот дел од спортистите, празничните денови вообичаено ги користат славенички и за одмор сепак има и такви за кои и новогодишните и божиќните празници се работни. 
 
Таков е случајот со нашиот кик-боксер Ермин Мамудоски, живее во Хам, Германија, но овој период е во Скопје каде се подготвува за освојување на уште еден шампионски појас. 
 
28-годишниот кик-боксер родум од Пласница, кичевско, кој празничните деновиве ги минува во посета и средби со своите роднини во Македонија, нема многу слободно време за празнување, па голем дел од својот престој во Македонија го користи за она што ми претстои. 
 
Имено, Мамудоски кон крајот на февруари месец го очекува борба за одбрана на шампионскиот појас во К1 во верзијата „AFSO“ или освојување на порасот во „WBC“ верзијата. 
 
Тој зад себе има импресивни бројки, а во 32-те професионални борби има остварено 26 победи, од кои дури 19 со нокаут. 
 
„Веќе половина година се подготвувам за овој меч. Иако на два месеци пред одржувањето сеуште не го знам мојот поротивник, јас безз разлика спремен сум да го освојам шампионскиот трофеј. Без разлика дали тоа же биде одбрана на титулата во  „AFSO“ или освојување на порасот во „WBC“ верзијата“, со голема доза на самоувереност ни изјави Мамудоски.
 
Иако далеку од Македонија сепак Мамудовски ќе има голема поддршка од нашите иселеници во Геманија, имајќи во предвид дека борбата е закажана во неговиот град Хам. 
 
„Да. Очекувам голема поддршка. Ако, останат овие Ковид мерки кои се актуелни, тогаш во најмала рака ќе имам поддршка од најмалку 2.500 мои сонародници, а арената во Хам ќе биде обоена црвено-жолта со македонски знамиња“, вели Ермин
 
Иако на сите свои борби гордо го ниси македонското знаме, сепак не ја крие желбата во соро време да настапува за македонската перпезентација
 
„Македонија е во моето срце. Македонија е мојата татковина. Секогаш гордо настапувам со македонското знаме. Но. Едвај чекам да бидам дел и од македонската репрезентација, но за тоа по мечот што следува“, поентира Мамудоски. 
 
Останува да го сочекаме 26 февруари и заедно со Мамудаовски да прославиме уште еден шампионски трофеј, а тоа би бил веќе седми во неговата кариера.