-->
-->
Кичевчанец со тешки повреди пренесен на Ургентен
-->
На 28.10.2017 година околу 08:30 часот на регионалниот пат Македонски Брод–Кичево, на место викано „Ижички Анови“ се случила сообраќајна незгода.
Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Каравеле“ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.З.(49) од Кичево, и автобус „Сетра С315“ со прилепски регистарски ознаки управуван од Р.Д.(53) од с.Дебреште, прилепско.
По незгодата, С.З. со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Јавна здравствена установа Македонски Брод од каде е препратен во Јавна здравствена установа Прилеп каде што му се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на двете нозе, десна рака и граден кош), и поради сериозноста на истите е препратен во Ургентен центар Скопје на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот