Керим на средби во Египет, дел од консултациите со земјите членки на Советот за безбедност (КРГ)
Македонскиот кандидат за Генерален секретар на Обединетите нации Срѓан Керим во изминатите два дена престојуваше во работна посета на Каиро, на покана на министерот за надворешни работи на Египет и во рамки на планираните консултации со земјите-членки на Советот за безбедност, соопшти неговиот кабинет.
При посетата, како што се наведува, Керим се сретнал со заменик министерот за надворешни работи Хамди Лоза, во отсуство на министерот Самех Шукри, како и со Генералниот секретар на Арапската Лига, амбасадорот Ахмет Абулгејт.
- Се разговараше за процесот на избор на Генерален секретар на ООН, како и приоритетите содржани во програмата на д-р Керим која беше изложена пред Советот за безбедност и Генералното Собрание на ООН, се посочува во соопштението.
Во текот на овој месец под претседателство на Јапонија, во Советот за безбедност на ОН се предвидени два круга гласање и тоа на 21 и 27 јули.
Со оваа посета на Египет, заокружен е процесот на консултации со сите 15 земји-членки на Советот за безбедност, во функција на добивање поддршка за кандидатурата на Керим.
Ново на Сител
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ