Свет
25. August 2016 - 20:12

Кери и Лавров утре во Женева ќе разговараат за Сирија и Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре во Женева ќе разговара со американскиот државен секретар Џон Кери за Сирија и Украина, беше објавено во Москва.

Портпаролката на  руското МНР Марија Захарова за новинарите изјави дека делегација предводена од Лавров, заминала во женева и дека со Кери ќе разговара за решавање на сириската криза, како и за можноста за соработка во борбата против терористичките групи, кои сега се активни во Сирија.

Захарова додаде дека ќе се разговара и за други меѓународни прашања, вклучувајќи ја и кризата во Украина, пренесува ТАСС.