Живот
2. May 2017 - 12:16

Казна од 80 фунти за хранење галеби

Локалните власи во округот Ист Девон во Велика Британија донесоа одлука за парични казни од 80 фунти (95 евра) за оние кои ги хранат галебите.

Одлуката е донесена поради загриженост дека галебите кои се навикнале на крадење храна, би можеле да нараснат и да станат поагресивни, што е чест случај.

Британските пратеници за тој проблем расправаа и во февруари, кога се дебатираше за нападите од галеби врз повозрсани лица кои јадат при прошетка низ морскиот брег. Во расправата имаше и забелешки дека галебите стануваат се поголеми...