Кавадаречките пожарникари спречија катастрофа: Се случи како на филм, им аплаудиравме за храброста!
Брзата и професионална интервенција на кавадаречките пожарникари утрината околу два часот спречи катастрофа од голем размер, кога во куќа во близина на Основното Училиште Димката Ангелов – Габерот избувнал пожар, објавува Фокус.
Се уште се утврдува причината за пожарот, кој според очевидци на местото на настанот започнал да се шири со страотна брзина.
-Огнените пламени се ширеа многу бргу, се се одвиваше како на филм. Куќата се наоѓа на незгодно место, има многу други куќи околу неа, сите кои бевме сведоци на настанот стравувавме дека пожарот може да ги зафати и околните објекти. Луѓето испаничени, ние кои случајно се затекнавме таму не знаевме што да правиме и како да помогнеме – раскажаа очевидци на настанот за ,,Фокус”.
Целата вест можете да ја прочитате на Фокус ТУКА.
Ново на Сител
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск