-->
-->
Кавадарчанка при реновирање во домот пронашла 55 неексплодирани детонаторски каписли
-->

Кавадарчанка при реновирање во домот пронашла 55 неексплодирани детонаторски каписли, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Синоќа во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од овој град, пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви. Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
