„Катимерини“: Македонија и Албанија клучни за одржување на рамнотежата на Балканот
Македонија и Албанија се клучни земји за одржување на чувствителната рамнотежа на Балканот и иако веќе се членки на НАТО, тие треба да бидат вклучени и во Европската унија, со цел поцврсто да се сврзат за Западот, оценува електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“.
Весникот наведува дека во однос на критериуми што треба да ги исполнат за прием во ЕУ, во моментов ниту Македонија, ниту Албанија не се подготвени за зачленување во Унијата, иако е постигнат голем напредок, главно како резултат на притисок од Брисел.
– На еврократите им се добро познаат постојаните недостатоци, но повеќе се заинтересирани за создавање безбедносна мрежа за одржување на стабилноста и заштита на т.н. „мек стомак“ на Балканот, смета „Катимерини“.
Весникот оценува дека стратегијата на претседателот на Европската комисија во заминување, Жан-Клод Јункер за проширување на ЕУ и натаму е главната алатка на Брисел во овој процес, иако некои земји од Унијата се против идејата за прием на нови членки, главно поради свои домашни причини.
Според „Катимерини“, Македонија, меѓу другото, треба да биде заштитена и од понатамошни мешања од Русија и не смее да се дозволи реформите што Брисел ги бара од двете земји да станат несовладлива пречка за нивно приближување кон ЕУ.
– На крајот на краиштата, Брисел ќе биде во многу подобра позиција да инсистира на овие реформи во двете држави во текот на нивниот пат кон членство во ЕУ, кој веројатно ќе биде долг и со многу предизвици, отколку ако реши да им ја затвори вратата пред нос, заклучува атинскиот весник.
Ново на Сител
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека