Македонија
3. December 2019 - 9:53

Катица Јанева со полициска придружба пристигна во Кривичниот суд

Екс шефицата на СЈО  Катица Јанева со полициска придружба пристигна во Кривичниот суд. Заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец денеска за прв пат ќе седнат на обвинителна клупа з сличајот Рекет.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава  поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.


 
Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Зоран Јаневски