Македонија
5. May 2020 - 11:02

Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластени снимања

Обвинетите во предметот „Рекет“, на денешното судење понудија дополнителни докази во своја одбрана.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева до судот приложи извод од банкарска сметка од нејзиниот татко за болничко лекување во Систина, приватна кривична тужба од март годинава со предлог за казнен налог против Бојан Јовановски за неовластено снимање како и документи од постапката за издавање на времена патна исправа за осомничениот во Империја, Јордан Камчев.

Обвинетиот Јовановски достави докази за уметничките слики за кои тврди дека ги добил на реверс како и список на заштитни трговски марки и договор за јавни настапи.

 

Зоран Јаневски