Каталонските лидери без Пуџдемон пред суд во Мадрид
Сецесионистичките лидери од Каталонија ќе се појават денеска пред суд во Мадрид поради обвинувања за бунт во момент кога разрешениот претседател на владата на областа Карлес Пуџдемон најави дека нема да отпатува за Мадрид.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој и неговата влада го разрешија Пуџдемон во петокот, неколку часа откако каталонскиот парламент унилатерално прогласи независност - гласањето беше бојкотирано од страна на опозицијата и прогласено за незаконско од страна на шпанските судови.
Пуџдемон вчера изјави дека нема да може да одговори на прашањата на судот, но тој е подготвен да сведочи од Белгија.
Петнаесетмина ќе сведочат од 9 часот утринава, по локално време, меѓу кои и заменикот-претседател на владата Ориол Жункерас, осум други членови на Кабинетот и шест регионални пратеници, вклучително и претседателот на каталонскиот парламент, Карме Форкадел.
По првите искази на осомничените, судовите ќе одлучат за евентуално почнување истрага, која може да потрае неколку години и потенцијално да доведе до судење.
Судиите ќе одлучат дали ќе побараат притвор се додека трае истрагата, а можно е да биде одредена кауција или мерка - предавање на нивните пасоши.
Каталонските сецесионистички водачи до петок ќе платат 6,2 милиони евра (7.2 милиони долари) за покривање на потенцијалните обврски кон судот.
Две неодамнешни анкети покажаа поддршка за независноста на Каталонија - 48,7 проценти од Каталонците веруваат дека регионот треба да биде независен, наспроти 41,1 отсто од јуни 2014 година и таа цифра е највисока од декември 2014 година.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното