Македонија
10. March 2019 - 16:34

Карневалот во Струмица продолжи со дефиле на деца под маски

Оригинални Маски изработени до перфекција со силни пораки и спектакуларни настапи.

Струмица понуди уште едно незаборавно карневалско издание и потврди дека не е случајно меѓу дваесетте најдобри улични карневали на светско ниво и меѓу седумте најатрактивни зимски настани во Европа.  

Околу 50 групи  со над 2000 учесници  беа дел од реката од маски која неколку часа течеше низ централните струмички улици. Впечатоците кај сите исти, магија која треба да се доживее.

Дека вековната традиција на струмичани има кој да ја продолжи потврдија најмладите. Денеска тие беа главни на карневалската сцена со нивниот детски карневал.

Стотици деца го преплавија градскиот плоштад со маски инспирирани од нивните омилени јунаци од бајките и цртаните и се потрудија сите генерации барем за миг да влезат во безгрижниот детски свет.

Карневалските свечености продолжуваат утре со одбележувањето на чист понеделник. По тој повод  ќе биде подготвен и традиционалниот посен грав во казан од 3,5 тони.