Кардиохиругот Митрев подари четири куќи на oпштина Штип
Kардиохиругот Жан Митрев, кој е роден во Штип, на таа општина и подари четири автентични куќи во штипско Ново село, кои се и дел од културното наследство на градот.
Ова денеска го соопшти портпаролот на општина Штип, Драган Ристов, кој рече дека општината ги презема обврските за реконструкција на четирите куќи, со што ќе им се врати автентичниот изглед.
- Ќе се бараат донатори и спонзори, а исто така ќе се поднесе и проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка, со што општината ќе може да ги реконструира овие стари куќи со автентична македонска архитектура, посочи Ристов.
Тој истакна дека вредноста на четирите куќи кои кардихиругот Митрев и ги подари на општината е 6 милиони денари или околу 100.000 евра. Договорот за отстапување на сопственоста на четирите куќи во штипско Ново село го потпишаа градоначалникот Илчо Захариев и кардиохирургот Жан Митрев.
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција