Карбинци ги продаде сите парцели во индустриската зона во Таринци
Општина Карбинци ги продаде сите градежни парцели на индустриската зона, кај селото Таринци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека по пат на електронска аукција продадена е и последната парцела за изградба на угостителски објект. Површината на парцелата е 220 м/2, а постигната цена е 620.000 денари.
-Тоа беше последниот плац, којшто го отуживме оваа година, за десет месеци успеавме преку три повици да отуѓиме пет градежни парцели, за 10.000 м/2, за над три милиони денари, кои се инкасирани во општинскиот буџет, вели Насев.
Забележува дека поголем бенефит општината ќе има со вработување на населението во овие стопански капацитети, а очекува оваа бројка да изнесува на 100 лица.
-Луѓето коишто ги зедоа плацовите ќе организираат производство во кондиторската индустрија, месната индустрија, во преработки на макробиотска храна, услужни дејности, во секој случај тоа се луѓе кои веќе имаат организирано производство и дел од производство го работат во објекти, коишто се изнајмени, вели Насев.
Општината треба да изгради и водоводна мрежа, а во тек е изградбата на канализационата мрежа за стопанските капацитети во оваа зона.
Ново на Сител
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек