Караманлис: Ако биде потребно ќе играме на картата на вето за интеграција на соседите во ЕУ
Ќе направиме сѐ за да се ублажат последиците од Договорот од Преспа, ќе ги заштитиме трговските ознаки и секако, правилно ќе играме, а ако биде потребно и со картата вето за интеграција на соседите во ЕУ, вели министерот за транспорт и врски на Грција, Костас А. Караманлис во интервју за грчкиот весник „Параполитика“, jави дописничката на МИА од Атина.
– Колку и да се обидува СИРИЗА да убеди во спротивното, нашата позиција е цврста: Никогаш немаше да го потпишеме Договорот од Преспа. Сметаме дека е национално штетен, да не речам катастрофален, затоа и направивме сѐ што можевме за да не се изгласа. И сега правиме сѐ за да се ублажат одредени последици, особено да ги заштитиме трговските ознаки на бизнисите од Македонија и секако, правилно да ја одиграме, ако биде потребно и на картата на вето за интеграција на соседите во ЕУ. Тоа е најсилната алатка за притисок што ја имаме во овој момент и сите да бидат сигурни дека нема да ја оставиме неискористена, вели Караманлис
Ново на Сител
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет