-->
-->
Капитенот Лазаров најавува атак на победа против Поселска
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров најавува дека атак на победа во дуелот против домаќинот Полска во првиот меч од квалификациите за Олимписките игри во Рио летово.
- Нема да калкулираме на ниту еден од трите натпревари. Иако, сме фокусирани на вториот натпревар против Тунис, сепак тоа не значи дека ќе се предадеме на вечерашниот натпревар со Полска. Напротив. Го респектираме противникот, но и на денешниот натпревар влегуваме со 100% и одиме на победа, изјави Лзаров.
Покрај поддршката од 10-илјадната публика која полските ракометари ќе ја имаат во овој меч, Лазаров смета дека предноста на Полјаците е и нивната воиграност, како и новиот селектор Таланд Душебаев кој одлично ги познава сите поединци.
- Знаеме дека по Европското првенство во јануари, на чело на полска дојде Талант Душебаев. Тоа е нивна предност. Тој одлично ги познава сите нив, а пред се поради фактот што речиси 70-80% од ракометарите доаѓаат од екипата на Киелце каде тренер е токму Душебаев. Едноставно, тие се заедно не само на подготовките туку цела сезона, дополни капитенот.
Лазаров кој е предводник на оваа генерација потенцира дека во нашата репрезентација владее максимална мобилизираност и огромна желба за успех, а што е најважно и квалитет, кој според него е пресуден да се оствари целта, пласман на Олимпијадата во Рио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата